Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ја испиша најубавата страница од својата кариера, но и за историјата на македонскиот спорт воопшто!
Лина се пласираше во главниот ждреб на најпрестижниот грандслем турнир Вимблдон, станувајќи на тој начин прва македонска тенисерка во историјата која се изборила за ваков настан.
Нашата тенисерка во последното квалификациско коло на доминантен начин славеше против фаворизираната Италијанка Луција Бронзети (127. место на ВТА листата) со максимални 2-0, по сетови 6-1 и 6-2.
Статистички Ѓорческа имаше 9 аса, ривалката – три, на мрежа нашата тенисерка освои 8 од 10 поени, притоа имаше 5 брејка од 9 можности и успеа да спаси дури 13 брејк топки во мечот. Во вкупниот број поени скорот беше 65-42 за Ѓорческа.
А, секако најважниот поен беше оној последниот со кој Ѓорческа се избори за историскиот настап на главниот турнир на Вимблдон.
Ждрепката за главниот турнир на Вимблдон е утре (петок) претпладне.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
