Италија без важен фудбалер на ЕВРО 2024

Фудбалерот на Астон Вила и италијански репрезентативец Николо Заниоло, ќе го пропушти престојното Европско првенство поради повреда на стопалото, пренесува „Кориере дело Спорт“.

Занило се повреди во текот на мечот од 37. коло помеѓу Астон Вила и Ливерпул 3:3. Во игра влезе во игра во 65. минута, но 14 минути подоцна мораше да го напушти теренот.

Италијанските медиуми пишуваат дека после дополнителни прегледи е утврдено дека повредата е од потешка природа, а надвор од теренот ќе биде најмалку еден месец. Заниоло го пропушти и минатото ЕВРО во 2021 година, кога Италија на крај го освои пехарот.

Се вчитува...