Италијанската кошаркарска репрезентација на престојниот Евробаскет во 2025 година се очекува да биде засилена за НБА кошаркар. Станува збор за асот на Минесота, Донте Дивинчензо.
Претседателот на кошаркарската федерација на Италија, Џани Петручи во разговор за „Ла Република“ најави дека селекторот Џанмарко Поцеко и неговиот помошник, легендата на италијанската кошарка, Џанлуџи Датоме наскоро ќе тргнат на пат за Соединетите американски држави каде ќе разговараат со Дивинчензо на оваа тема.
Овогодинешниот собир на најдобрите европски кошаркарски репрезентации ќе започне на 27. август.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА