Италија го скрати списокот: Конте или Манчини на клупата на „Азурите“

И покрај големите амбиции да биде ангажиран Пеп Гвардиола, а потоа и Карло Анчелоти, сепак, Италија ќе добие селектор повратник на клупата. Пропадна и можноста Андреа Пирло да ја преземе клупата, поради рекламирање на руска обложувалница, па така сега изборот се сведе на Антонио Конте или Роберто Манчини.

Двајцата веќе беа на клупата на Италија. Конте ја предводеше селекцијата од 2014 до 2016, и се реши да ја напушти клупата после Европското првенство за д потпише за Челси. Манчини, пак, и го донесе еден од најголемите успеси на Италија, освојувајќи го трофејот од ЕП 2020 година. Тој беше селектор од 2018 до 2023 година, а не успеа на репрезентацијата да и донесе учество на Мундијалот во 2022 година во Катар откако беше елиминран од Македонија во баражот.

Сагата околу назначување на нов селектор на Италија и натаму продолжува. Поради ова, Паоло Малдини и Леонардо вчера поднесоа оставки од функциите во Италијанската фудбалска федерација.

Се вчитува...