Италија и Шпанија ги продолжуваат победничките походи, Грците не можат ниту против Лихтенштајн

Имобиле и Жоржињо од пенал беа стрелци на головите со кои репрезентацијата на Италија додје до шестата последовна победа во квалфикацискиот циклус за паласман на следното Европско првнество. И Финците постигнаа гол од пенал, Пуки погоди во 72 минута и донесе израмнување за неговата селекција. Италија има максимлани 18 бода на врвот на табелата во групата Ј, Финска ја задржува втората позиција со 12 бода.

Поранешниот европски првак, Грција и натаму е во резултатска агонија во овие квалфикации. Одигра само реми 1-1 на домашен терен со Лихтенштајн. Грците имаат само пет бода и се претпоследни во оваа конкуренција.

Репрезентацијата на Шпанија очекувано ја прдолжи победничката серија во овој евроквалфикациски циклус со оглед дека немаше голем предзвик во пресметката со Фарски Острови. Шпанците славеа со 4-0 за шестата победа со која се зацврстуваат на врвот во групата Ф. Родриго и Алкасер постигнаа  по  два гола, во победата на Шпанците. Во оваа конкуренција, Шведска останува на втората позиција по ремито 1-1 во Норвешка. Норвежаните се на четвртата позиција.

Се вчитува...