Италија ја потопи БиХ, Швајцарија минимално со Грузија (ВИДЕО)

Италија ја декласираше репрезентацијата на Босна и Херцеговина нагости со 0-3 во натпревар кој немаше резултаско значење за двата тима, бидејќи Италија е веќе патник на ЕВРО 2020, додека Босна и Херцеговина преку дополнителниот бараж ќе бара виза за самитот на најдобрите репрезентации на стариот континент. Ачерби, Инсиње и Белоти беа творци за победата на „аѕурите“.

Швајцарија се извлече против Грузија откако на домашен терен ја победи со минимални 1-0. Херој за Швајцарците беше Седрик Итен кој постигна гол во 77. минута, со кој Швајцарија се пласираше скоро па сигурно на ЕВРО 2020, бидејќи во последното коло Данска и Република Ирска играат меѓу себе додека тие се среќаваат со аутсајдерот Гибралтар кој вечерва загуби убедливо токму од Данска 6-0.

Се вчитува...