Италија ќе жали за Коби Брајант една недела

Земјата во која што порасна Коби Брајант ќе жали за легендата цела една седмица. Италијанската кошаркарска федерација информираше дека минута молчење ќе има на сите натпревари во нејзина организација, во сите категории, цела недела.

„Ова е мал, но навистина од срце гест во чест на животот и во сеќавање на Коби Брајант, апсолутниот шампион кој секогаш ја носеше Италија во срцето. Коби секогаш ќе биде поврзан со нашата земја“ – стои во соопштението од италијанската федерација.

Коби Брајант во Италија живееше од шестата до тринаесеттата година во перидот додека татко му играл за неколку клубови од оваа земија. Зборуваше течно италијански. Често велеше дека му е сон за игра во Италија. Сонот речиси ќе му се исполнеше во 2011 година кога требаше да оди во Виртус Болоња за време на локаутот во НБА. Сепак договорот пропадна.

 

 

Се вчитува...