Италијанците сакаат да учествуваат на Светското првенство, но има мали шанси за такво нешто…
Приказната ја поттикна Паоло Замполи, човек близок до кругот на Доналд Трамп, кој верува дека Италија би можела да влезе на турнирот во случај на дисквалификација на Иран поради политички или безбедносни причини.
Замполи отиде чекор понатаму, проценувајќи дека шансите за такво сценарио се „поголеми од 50 проценти“, и најави средба со претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, за време на трката во Формула 1 за Големата награда на Мајами.
„Колкав е процентот за учество на Италија на Светското првенство? Мислам дека е повеќе од 50 проценти. Ќе се сретнам со Инфантино во Мајами на Големата награда на Формула 1 овој викенд. Не треба да има Светско првенство без Италија, а одлуката ќе зависи од Инфантино и Трамп“, рече Замполи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

