Италија тешко против БиХ, сигурни победи на Германија, Франција и Белгија (ВИДЕО)

Репрезентатицијата на Италија стигна до нова победа во квалификациите за пласман на Европското првенство 2020, откако на домашен терен потешко од очекуваното ја совлада одличната Босна и Херцеговина со 2-1. Гостите подобро го отворија мечот, а одличната игра во првото полувреме беше материјализирана со голот на Един Џеко во 32. минута. Босна и Херцеговина подобро го отвори и второто полувреме, но клучниот момент се случи во 49. минута кога Лоренцо Инсиње израмни на 1-1. До крајот на мечот доминираа домашните фудбалери, а нивната надмоќ беше материјализирана со голот на Верати во 86. минута.

Изненадување се случи и во Грција, каде домаќините беа изненадувачки поразени од Ерменија со 2-3. Стрелци ја погодоците за Ерменија беа Карпетија, Газаријан и поранешниот вардарец, Барсегијан, додека головите за Грците ги постигнаа Зека и Фортунис.

Во дербито во Х групата Исланд беше подобар од Турција со 2-1. Херој на домаќините беше Сигурдсон кој на двапати стрелаше, а за Турците во листата на стрелците се запиша Токоз.

Останатите фаворити поминаа без поголеми проблеми. Германија ја наполни мрежата на Естонија победувајќи со 8-0, додека актуелниот светски шампион, Франција беше убедлива со Андора 0-4, а Белгија ја победи Шкотска со 3-0.

Резултати – Квалификации за ЕВРО 2020:

Албанија – Молдавија 2-0, Андора – Франција 0-4, Белгија – Шкотска 3-0, Белорусија – Северна Ирска 0-1, Грција – Ерменија, Исланд – Турција 2-1, Италија – Босна и Херцеговина 2-1, Лихтенштајн – Финска 0-2, Унгарија – Велс 1-0, Германија – Естонија 8-0, Русија – Кипар 1-0, Азербејџан – Словачка 1-5 и Казахстан – Сан Марино 4-0.



Се вчитува...