Италија во паника – се појави коронавирус во селекцијата пред мечот со Македонија!

Фудбалската федерација на Италија потврдила дека двајца членови на стручниот штаб на репрезентацијата биле тестирани позитивно на Ковид-19 и се вршат повеќе проверки по гласините дека пет играчи биле заразени со коронавирус пред почетокот на натпреварот со Македонија во баражот за пласман на Светското првенство.

Заразените веднаш се ставени во изолација, а ќе бидат направени уште тестирања после кои ќе се знае дали и дефинитивно има играчи позитивни, или, пак, таму нема заразени со вирусот.

Во соопштението на федерацијата се наведува дека позитивните не биле присутни на денешниот тренинг, а дополнителни тестови се вршат на играчи кои неодамна имале ковид случаи во нивните клубови. Ова ќе ги вклучи играчите на Интер, затоа што Лаутаро Мартинез и Матијас Вецино мораа да бидат ставени во изолација откако добија позитивни тестови.

Мануел Локатели беше позитивен на коронавирусот и ќе се приклучи на селекцијата кога ќе оздрави.

Се вчитува...