Италијанецот Доминик Париз победи на првата од двете трки во спуст во Светскиот куп во алпско скијање во норвешкиот Квитфил.
35-годишникот стигна до својата 19. победа во спуст, но прва по 14 месеци. Скијачот од Ултимо, село во Јужен Тирол, на тој начин доби сатисфакција за разочарувањето на Светското првенство во Залбах, каде во спустот заврши четврти.
Ова е петта победа за Париз во Квитфјел, а четврта во спуст на ова место. Зад Италијанецот имаше дури четворица Швајцарци. Водечкиот во генералниот пласман во спуст, Марко Одермат беше најбрзиот Швајцарец на второто место (0,32 стотинки), Рогентин трет (0,63 стотинки), светскиот шампион Фрањо фон Алмен четврти (0,83 стотинки), а Алексис Моне петти (0,89 стотинки).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА