Италијански доктор му одговори на Роналдо, со потсмев: „ПЦР-тестовите се срање? Здраво колега Кристијано…“

Кристијано Роналдо лутината поради тоа што нема да може да игра против Барселона во 2. коло од Лигата на шампионите ја искажа отворено и со објава на социјалните мрежи, критикувајќи ги тестовите за коронавирусот.

На 24 часа пред натпреварот Португалецот повторно беше позитивен на Ковид-19, па се огласи на Инстаграм од изолација.

„ПЦР-тестовите се срање“ – напиша Роналдо.

На овој коментар на португалскиот фудбалер се огласи италијанскиот доктор Роберто Вуриони кој го исмејува Роналдо.

„Добредојде за колегата Кристијано Роналдо во нашата група виролози. Добро ќе ни дојде за следниот натпревар против офталмолозите“ – порача Буриони.

 

Се вчитува...