Италијанските медиуми ќе го бојкотираат Суперкупот: Не одиме во држава во која се убиваат новинари…

Италијанската јавност е згрозена од официјализирањето на договорот за одигрување на Суперкупот на Италија во Саудиска Арабија. Медиумите на Апенините најавија бојкот на овој меч, прогласувајќи ја за скандалозна идејата мечот меѓу шампионот во Серија А и освојувачот на Купот да се игра во држава каде се убиваат новинари.

„Тоа е земја која нарача убиство на новинар. Нема да одиме таму и да известуваме од натпревар. Со тага можеме да сооштиме дека ќе го бојкотираме тој меч“, истакнаа од здружението на спортски новинари во Италија.

Саудискиот новинар Џамал Кашоги беше убиен на 2 октомври во зградата на саудискиот конзулат во Истанбул. Оваа вест го згрози светот и ги обедини новинарите во борбата за своите права ширум светот.

Се вчитува...