Италијанците ги сменија протоколите: Се воведуваат брзи тестови, само три дена изолација за асимптоматски случаи

Италијанскиот фудбалски сојуз, во насока на што полесно одржување на професионалниот спорт, ги промени протоколите за Ковид-19 воведувајќи брзи тестови и намалувајќи го траењето на карантинот за позитивните случаи.

Новите брзи тестови ќе им овозможи на тимовите кои имаат заразени од коронавирус на самиот ден на натпреварот да ги тестираат останатите фудбалери како би добиле зелено светло да може да играат доколку се негативни.

Исто така, се намалува траењето на карантинот, па играчите и членовите на стручните штабови кои се заразени не мора повеќе да бидат 14 дена во изолација. Тие кои имаат симптоми на болеста мора да бидат десет дена во карантин, додека асимптоматските случаи ќе минат само три дена во изолација.

Се вчитува...