Италијанците може да здивнат: Датоме и Галинари подготвени за СП

Луиџи Датоме и Данило Галинари се подготвени за настап на Светското првенство. Одлични вести за Италијанците по кои може малку да здивнат и во таборот на италијанската репрезентација.

Комплетните досегашни подготовки Италијанците ги одработија без двоецот кој се мачеше со незгодни повреди, но по најновите прегледи добија зелено светло од лекарскиот тим за настап.

И двајцата, според најавите, веќе утре ќе бидат во ростерот на репрезентацијата на пријателскиот натпревар против Србија. За овој меч ќе отпадне Амадео Дела Вале кој има проблеми со вратните мускули, а во составот нема да биде Џампаоло Ричи.

Се вчитува...