Шпанскиот тренер Пеп Гвардиола одби профитабилна понуда од Италијанската фудбалска федерација да го преземе кормилото на „аѕурите“, што доведе до тоа Андреа Пирло да застане на чело на националниот тим. Иако договорот се уште не е официјално потврден, Италијанците веќе изразуваат незадоволство од овој избор.
Според достапните информации, освојувачот на Светското првенство во 2006 година и финалист на Европското првенство во 2012 година потпишал договор што важи до крајот на Светското првенство во 2030 година. Притоа, тој прифатил финансиска понуда што е тринаесет пати помала од онаа подготвена за Гвардиола.
Сепак, водечкиот италијански весник „Кориере дела сера“ објави остра статија со наслов „Пирло, селектор на Италија: Дипломатски проблем и срамно спонзорство“, доведувајќи го во прашање фактот дека 47-годишниот тренер е спонзориран од руска компанија за обложување.
Прославениот играч за врска кој најголемата трага ја остави играјќи за Милан и Јувентус, а го носеше и дресот на Интер од октомври 2025 година настапува како глобален амбасадор на компанијата „Фонбет“. Италијанските новинари во моментов имаат забелешки за два клучни аспекта на оваа ситуација.
Првиот се однесува на етичката димензија, односно на моралната оправданост врвна спортска личност да промовира обложување. Вториот аспект е од геополитичка природа и е поврзан со руската инвазија врз Украина и тековната војна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
