Италијанците не можат да преболат: Ова е епска катастрофа од библиски размери

Италијанците се уште не можат поверуваат што им се случи синоќа на „Ренцо Барбера“, на мечот што беа убедени дека рутински ќе го добијат, за на крајот да загубат со 0-1 од Македонија и повторно да останат без пласман на еден фудбалски мундијал.

„Италија, ова е катастрофа од библиски размери. Нема сомнеж дека ќе остави силна трага и за во иднина“, пишува тиражниот весник „Тутоспорт“…

„Аѕурите се обидоа да дадат гол, 32 шутеви, во корнери односот беше 16-0, но очигледни беа проблемите кои се појавија уште на дуелот со Бугарија, веднаш по освојувањето на ЕВРО 2020. Ова е епска катастрофа, а претседателот Гравина сега ќе треба да најде начин да ја издржи големата бура“, продолжува „Тутоспорт“.

Се вчитува...