Италијанците „пицнати“ стигнаа во Палермо (ФОТО)

Италијанската репрезентација денеска со лет од Фиренца стигнаа во Палермо, градот домаќин на утрешниот бараж натпревар со Македонија.

Во свој стил, дотерани, сите фудбалери и стручниот штаб се сместија во центарот на градот.

Вечерва ќе го одржат и официјалниот тренинг, и прес-конференцијата пред дуелот со Македонија кој се игра утре во 20:45 часот.

Се вчитува...