Италијанците „ставија клуч“ на трибините – без публика до крајот на ноември

Денешните натпревари од Калчо-лигата ќе бидат последните на кои ќе биде дозволено присуство на навивачи на фудбалските стадиони на Апениинскиот полуостров, откако италијанскиот премиер Џузепе Конте го забрани присуството на публика на сите спортски настани најмалку до 24. ноември.

Со најновата одлука на Владата на Италија, почнувајќи од понеделник 26. октомври па се до 24, ноември публиката нема да може да присуствува на трибините. Доколку здравствената ситуација во Италија не се подобри овој рок ќе биде продолжен.

Кон средината на месец септември клубовите добија зелено светло за присуство на 1.000 навивачи на секој натпревар од Серија А, оваа бројка важеше и на Мастерс-турнирот во Рим, но зголемените бројки го сторија своето, па спортските фанови повторно сите настани ќе можат да ги следат само пред ТВ-екраните.

Се вчитува...