Итуралде: Тоа беше глупав пенал, но сепак е пенал

Недосудениот пенал за Барселона во финишот од синоќешното дерби се уште е главна тема во фудбалска Шпанија. Каталонците фрлаат со дрва и камења по судијата Хил Манцано тврдејќи дека се оштетени, а на нивна страна застана и поранешниот пшпански судија Итуралде Гонзалес.

Тој смета дека контактот во дуелот на Менди и Бреитвајт бил сосема доволен за да се покаже на белата точка и дека главниот судија згрешил кога одлучил играта да продолжи.

„Тоа беше чист пенал. Менди го исфрли Бреитвајт од рамнотежа. Го повлече за рака за да не ја земе топката и го исфрли од баланса. Тоа беше глупав пенал, но сепак беше пенал. Да трчаа еден крај друг, немаше да биде ништо, но Бреитвајт беше напред, а потоа имаше влечење. Затоа, ова беше пенал“, објасни Итуралде.

 

Се вчитува...