Ива Пројковска ќе суди во Белгија

Нашата најдобра женска фудбалска судијка Ива Пројковска, која се наоѓа на листатата на 20 елитни европски судии, е одредена од судиската комисија на УЕФА да биде главен судија на реванш мечот од третото квалификациско коло во Лигата на европските шампиони во Белгија.

Пројковска ќе го суди натпреварот меѓу Леувен и шампионот на Полска, Чарни Сосновец.

Ќе и помагаат македонските асистент судии Вјолца Изеири и Ангела Домазетовска. Четврти судија е Весна Милетиќ од Босна и Хецеговина. Контролор на судењето на овој меч е Романката Ирина Мирт.

М.М.

Се вчитува...