Иван Глигоров се врати во Брегалница

Еден од најдобрите стрелци во Втората македонска фудбалска лига од изминатата сезона, Иван Глигоров е новото големо засилување во офанзивната линија на Брегалница. По одличните настапи во дресот на Охрид Лихнидос, каде што беше убедливо прв стрелец на тимот, Глигоров се најде на мета на неколку прволигашки клубови. Сепак, тој донесе одлука да се врати во својот матичен клуб, избирајќи ја Брегалница како своја „прва љубов“.

Младиот напаѓач зад себе има богато меѓународно и домашно искуство. Своите фудбалски почетоци ги забележа во италијанската ИМС фудбалска академија, по што замина во младинскиот погон на португалскиот клуб Национал.

На 19-годишна возраст се врати во Македонија и одново го облече дресот на Брегалница, играјќи во двете најсилни домашни лиги. Покрај успешната епизода во Охрид, Глигоров на почетокот од сезоната забележа и краток престој во редовите на Арсими.

Се вчитува...