Иван Перишиќ ќе биде нов соиграч на Трајковски во Хајдук!

Хрватскиот репрезентативец Иван Перишиќ е пред потпис со сплитски Хајдук! Новинарот кој е специјалист за трансфери, Фабрицио Романо објави дека Перишиќ е пред потпис со Хајдук а официјализацијата на трансферот се очекува наредниве денови.

Според Романо преговорите се во завршница, а Перишиќ и самиот изразил желба да се врати и запише историја со клубот.

Тотенхем исто така е подготвен да го позајми на Хајдук до крајот на сезоната, па останува само да се види дали ќе се финишира со договорот за да биде нов соиграч на македонскиот репрезентативец Александар Трајковски.

Тоа што е негативна страна на приказната е тоа што Перишиќ во моментов е повреден и не би можел веднаш да игра. Ако и дојде, ќе може да игра три месеци во најдобар случај, и тешко е да се очекува дека ќе биде во Сплит и следната сезона.

Се вчитува...