Второлигашот Новаци брзо најде замена за Дарко Крстески, назначувајќи го Иван Варадиновски (37) за нов шеф на стручниот штаб. Младиот стратег доаѓа по успешниот ангажман во екипата на Кожув.
Варадиновски зад себе има богато второлигашко искуство. Во својата кариера претходно ги предводеше и екипите на Детонит, Саса и Пехчево.
Пред новиот предводник е предизвикот да го надмине минатогодишниот успех. Новаци ланската сезона во Втората лига ја заврши на седмата позиција со освоени 51 бод, со што обезбеди директен опстанок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
