Иванишевиќ: Киргиос ќе биде број еден во светскиот тенис

Горан Иванишевиќ, сензационалниот победник на Вимблдон од 2001 година, сега тренер на Томаш Бердих, има свое видување за актуелните состојби во светскиот тенис. Според најдобриот хрватски тенисер на сите времиња, контраверзниот Ник Киргиос ќе биде идниот светски рекет број еден.

Киргиос е добра работа за тенисот, не е некоректен иако знам дека многумина не го сакаат. Тој е свој, тој е многу добро момче, кој можеби понекогаш знае да претера на теренот. На крајот, тој плаѓа за својот нескротлив темперамет и мора да ја научи лекцијата од своите грешки. Мислам дека тој е иднината на тенисот. Но, кој сум јас да му делам лекции? Момчето има некоj свој начин на размислување , но тој е таков и сигурно нема да се смени. Јас би сакал да биде малку посериозен и да тренира малку повеќе. Тој е сигурно идниот светски рекет број еден и само небото му е граница. Би било трагедија ако не биде така, а единствен кој може да го спречи во тоа, е тој самиот“ – вели Горан Иванишевиќ кој своевремено исто така беше еден од лошите момчиња во белиот спорт.

Поранешниот тенисер, има своето мислење и за неверојатниот пад на Новак Ѓоковиќ, истакнувајќи дека сепак, само тој самиот може да се извлече од ваквата ситуација.

„Не знам зошто се случи неговиот пад, но некој да ми кажеше дека Новак ќе изгуби толкава предност, не би му верувал. Медиумите сешто пишуваат за неговиот духовен водач и слично, но сето тоа се само шпекулации. Мислам дека Новак единствено само може да се извлече од сето тоа. Само еден-два добри резултати и ќе се врати таму кај што му се местото. Полошо од ова не може да биде“ – истакнува  Иванишевиќ.

Интересна е и забелешката на Хрватот за враќањето на Федерер и на Надал на голема сцена.

„Тоа е неверојатна работа, сите ги отпишаа, а тие двајца на крај играа финале во Мелбурн и во Мајами. Ете, им покажаа на младите дека треба уште многу да тренираат и да „испијат уште млеко“ за да ги стигнат“ – забележува Хрватот.

Се вчитува...