Ракометарите на Охрид славеа со 28-29 на гостувањето против словачка Татабања на првиот натпревар од финалето во ЕХФ Европскиот куп, со предност враќајќи со дома пред реваншот кој е за седум дена во СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид.
Нескриено е задоволството меѓу охриѓани кои веруваат дека на домашен терен сега треба да се потврди европската круна.
„Навистина сме среќни со победата, иако требаше да биде поубедлива ако се знае дека во еден момент на мечот имавме и шест гола предност. Но, сега останува реваншот во нашата охридска тврдина. Не треба да се опуштаме затоа што сигурно повторно ќе биде тежок натпревар, но како и овде во Словачка, ние сме мотивирани да дојдеме до европскиот трофеј. Татабања е тим кој има одлични индивидуалци од светска класа, но знам дека ќе направиме се на домашен терен да ги израдуваме нашите навивачи и Македонија“ – вели еден од најдобрите поединци во победата на Охрид, Анте Иванковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
