Иваноски и Узунчев кариерата ќе ја продолжат во Словенија

Македонските десни бекови Михаил Иваноски и Димитар Узунчев од следната сезона ќе настапуваат во Словенија, потпишувајќи за тамошните гиганти Горење Велење и Целје Пивоварна Лашко.

Двајцата млади ракометари, кои претходно беа дел од составот на Алкалоид, направија значаен чекор напред во своите кариери со преселбата во најсилните словенечки клубови.

Иваноски во првиот дел од изминатата сезона замина од Автокоманда и играше за екипата на Ајдовшчина, од каде што обезбеди трансфер во Горење. Од друга страна, Узунчев ја заврши последната сезона како позајмен играч во Бутел Скопје, по што и официјално го комплетираше најавуваниот премин во редовите на Целје.

Се вчитува...