Ивановски со 11-от гол сезонава за Славен Белупо… (ВИДЕО)

Мирко Ивановски го постигна својот 11-ти погодок во дресот на Славен Белупо оваа сезона, но не успеа да го спаси од пораз на дуелот против Ријека во 28. коло од хрватскиот шампионат.

Славен Белупо загуби со 1-3 од Ријека, а Ивановски го постигна единствениот погодок за домашните со удар од белата точка во 65. минута од средбата.

Тимот од Копривница по 28 кола е на шесттата позиција на табелата со 31 бод.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...