Ивановски го постигна и деветтиот гол сезонава за Славен Белупо… (видео)

Македонскиот интернационалец Мирко Ивановски го постигна и деветтиот свој гол сезонава во хрватскиот шампионат, во дресот на Славен Белупо.

Ивановски во рамките на 32. коло од Првата лига на Хрватска стрелаше во 49. минута за Славен во победата од 2-0 против Истра 1961.

Македонскиот офанзивец во првото полувреме ја погоди и гредата од голот на гостите, но затоа, пак, успеа да се запише во листата на стрелците во вториот дел…

Goal Ivanovski (2:0) Slaven Belupo vs… by ylberenexhipi

Се вчитува...