Македонските тенисери Калин Ивановски и Берк Бугариќ се пласираа во четвртфиналето во игра на двојки на челинџер турнирот Скопје опен, кој неделава се игра во главниот град на Македонија.
Во првиот натпревар на овој турнир македонскиот пар по пресврт славеше со 2-1, по сетови 6-4, 1-6 и 10-7 против индиската двојка Раџа Пурав и Дивиј Шаран.
Во четвртфиналето Ивановски и Бугариќ ќе играат против чешкиот пар Петр Ноуза и Ендрју Полсон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА