Челниците на КФСМ го исполнија даденото ветување во едукацијата на македонските кошаркарски стратези да вклучат и врвни тренерски имиња. Така, на задолжителниот тренерски семинар „Лазар Лечиќ“ што ќе се одржи на 21 и 22 септември во Скопје како предавачи ќе се вклучат Душан Ивковиќ и Октај Махмути.
Претседателот Перо Антиќ своевремено настапуваше за Ивковиќ во Олимпијакос, под водство на овој стратег стигнувајќи и до една европска круна. Махмути во својата кариера водеше голем број турски кошаркарски гиганти, а овој стручњак повторно се споменува и како кандидат за селектор на Македонија.
КФСМ денеска го објави и целокупниот распоред на предавањата за овој семинар.
21.09.2019
Проф. НЕНАД ТРУНИЌ
9.00-10.15 -„Кошарка во иднината и основни белешки за планирање на тренинг во млади категории“
10.30-11.45 -„Обучување на двочекор, контрола на топка и основни движења во кошарката.“
12.00-13.15 – „Индивидуална техника и тактика на додавање, дриблинг, работа на нозе и финтирање.
13.15-14.00 – Кошаркарски судија или делегат – ДИСКУСИЈА
ПАУЗА
ЛАЗАР ЛЕЧИЌ – 15.00-15.15
ДУШАН ИВКОВИЌ – 15.15-16,30 – Слободна тема – Дискусија
ОКТАЈ МАХМУТИ – 16.45-18.00 – Слободна тема – Дискусија
22.09.2019
Проф. НЕНАД ТРУНИЌ
9.00-10.15 -„Обука и усовршување на техника на шутирање“
10.30-11.45 -„Обука на основни одбранбени вештини низ специфични вежби“
12.00-13.15 -„Приказ на мини-баскет тренинг“
13.30- 14-45 „Приказ на тренинг за У12 возраст“
Семинарот е задолжителен за сите тренери кои аплицираат за „Ц“ и за „Б“ лиценца.
За „А“ лиценца задолжителни се предавањата на Душан Ивковиќ, Октај Махмути, како и предавањата под реден број 1 и реден број 4 на Труниќ на 21.09.2019.
Тренерите кои нема да присуствуваат на првиот задолжителен семинар за подигнување на тренерската лиценца ќе платат двојно од лиценцата за која аплицираат. Со отсуство од вториот задолжителен тренерски семинар се одзема тренерската лиценца.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА