Првите кругови од Големата награда на Мексико донесоа застрашувачка ситуација што можеше да заврши трагично. Возачот на Рејсинг Булс, Лиам Лосон, беше принуден рано да влезе во боксот по контактот со Карлос Саинц во првата кривина. Во тој судир, предното крило на Лосон беше оштетено, па затоа мораше да биде заменето на крајот од првиот круг.
Откако излезе од боксот, Лосон се врати на патеката последен, далеку зад остатокот од стартната линија. Во тој момент, во првиот сектор беа активирани жолти знамиња поради остатоци на патеката.
Сепак, додека минуваше низ првата кривина, Лосон виде неверојатна глетка. Двајца редари претрчаа преку патеката, додека болидите и натаму ба на стазата. Еден од нив помина точно пред Лосон, што за малку не заврши трагично.
There were Marshalls CROSSING the track during Liam Lawson’s lap…….pic.twitter.com/wV7fWxnvsx
— RBR Daily (@RBR_Daily) October 26, 2025
Шокираниот возач веднаш се јави преку тимското радио, и натаму во шок од она што го виде. Недолго потоа младиот возач од Нов Зеланд мораше да се повлече од трката.
„Искрено, не можев да верувам што видов. Кога излегов од боксот на првата кривина две лица истрчаа преку патеката. Речиси бев блиску да удрам во еден од нив. Беше многу опасно. Очигледно имало некакво недоразбирање. Никогаш во животот претходно не сум се соочил со вакво нешто. Секако дека ќе побараме реакција од ФИА, се надевам дека никогаш повеќе нема да се случи. Можев да ги убијам“, изјави Лосон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

