Избраа и Аргентинците: Дибала ќе игра на СП, Икарди останува дома

Аргентинскиот селектор Жорге Сампаоли денеска го објави својот конечен список од 23 фудбалери кои ќе ги претставуваат „гаучосите“ на претстојниот мундијал во Русија.

Она што претходно се најавуваше, денеска се оствари – Мауро Икарди дефинитивно нема да биде дел од аргентинскиот национален тим. Асот на Интер имаше извонредна сезона во Калчо-лигата, но тоа не беше доволно да се убеди Сампаоли да го смести меѓу 23-те патници за Русија.

За разлика од него, Пауло Дибала се најде на списокот, па асот на Јувентус заедно со Игуаин, Меси и Агуеро ќе го сочинува атомскиот напад на Аргентина на мундијалот.

Се вчитува...