Избран најиновативниот стадион на денешницата: „Крокодил арена“ (ФОТО)

Факт е дека повеќе не постојат граници во изградбата на современите фудбалски стадиони ширум светот…. Но, дефинитивно ваков досега не е забележан, па затоа и според изборот на светската организација за спортска инфраструктура го доби епитетот – најиновативен.

Уште кога турскиот суперлигаш Бурсаспор го претстави проектот на својот нов стадион, веќе беа резервирани тури за туристи кои сакаа да го видат. Кога во 2015 година, „Крокодил арената“ ги отвори своите порти и официјално стана најоригиналниот стадион во светот.

Комплетниот стадион е изграден во форма на крокодил, во согласно со прекарот на Бурсаспор – „Зелените крокодили“. Ова модерно издание има капацитет од 43.331 седишта, а во внатрешното е едно од најлуксузните во моментов во светот.

Се вчитува...