Избран од Јута на НБА-драфтот, ќе дебитира против МЗТ во АБА-лигата

Најџел Вилијамс Гос е новиот плејмејкер на Партизан, откако одличниот американски кошаркар синоќа потпиша двогодишен договор со белградските „црно-бели“.

Станува збор за исклучително талентиран играч, кој лани го предводеше тимот на Гонзага до финалето од НЦАА-лигата. Тој имаше просек од 16,8 поени, шест скокови и 4,7 асистенции по натпревар, па неслучајно беше дел и од НБА-драфтот, каде како 55. пик беше избран од страна на Јута џез.

Откако му беше соопштено дека нема да добие шанса кај „џезерите“, Вилијамс Гос реши да се пресели во Европа, а од неколкуте понуди ја избра онаа на Партизан. Американецот своето деби во АБА-лигата ќе го има токму против македонскиот шампион МЗТ Скопје, на дуелот од првото коло закажан за крајот на месец септември.

Се вчитува...