Издржа само шест месеци: 30 милионското засилување побара да замине од Манчестер Сити

Витор Реис, 19-годишниот стопер кој го засили Манчестер Сити во трансфер вреден 30 милиони евра од Палмеирас во јануари 2025 година им соопштил на раководните лица на англискиот клуб дека сака да замине од клубот и да биде испратен на позајмица со цел да има поголема минутажа.

Бразилецот пристигна во англискиот гигант како талентиран фудбалер на кој се гледа на долгорочен план во еден турболентен период во кој Манчестер Сити се мачеше со повреди, но и покрај тоа не успеа да го зацементира местото во тимот.

Во новата сезона ќе има и пеколна конкуренција со оглед на тоа што стоперската позиција ја покриваат и Рубен Дијас, Јошко Гвардиол, Мануел Аканџи, Нејтан Аке, Џон Стоунс и Абдукодир Хасанов.

Според англиските медиуми за услугите на 19-годишниот Бразилец се заинтересирани Порто и Баер Леверкузен.

Се вчитува...