Изјавата на Шекуларац која се повторува секој 6. февруари: „Е Шеки да беше подобар голгетер, ниту еден од фудбалерите на јунајтед немаше да загине“

Манчестер јунајтед денеска одава почит на загинатите од авионската несреќа во Минхен која се случи пред точно 64 години. Веројатно една од најголемите спортски трагедии во која загинаа дури 23 члена од екипажот во авионот со кој „црвените-ѓаволи“ преку Минхен требаше да се вратат во Англија, по мечот со Црвена Звезда во Купот на шампионите.

На денешен ден секогаш ја повторуваме изјавата на веќе починатата легенда на „црвено-белите“ Драгослав Шекуларац, кој замина од овој свет во 2019 година. Белграѓани се вратиле од негатива од 0-3 на реваншот во Белград и доколку тој погодел за 4-3 во финишот, гостите од Англија ќе морале да останат во Србија, бидејќи за три дена ќе се играла мајсторка во Италија.

„Мечот беше неверојатен.Тие водеа со 0-3, а потоа ние стигнавме до израмнување и имавме голема шанса да направиме целосен пресврт. Најголемата шанса на мечот ја имав јас.. Но, не успеав да погодам и Јунајтед се пласира во полуфиналето. Кој знае колку пати сум го рекол ова: „Е Шеки, да беше подобар стрелец, сите тие играчи на јунајтед ќе останеа живи“, изјави пред неколку години за српските медиуми Шекуларац.

Седум играчи на Манчестер Јунајтед починаа на самото место: Роџер Бирн (29), Џеф Блат (25), Еди Kолман (22), Дејвид Пег (23), Марк Џонс (25), Томи Тејлор (26) и Лијам Вилан (23), а Данкан Едвардс (22) осмиот „ѓавол“ почина по 15 дена во болница.

Се вчитува...