Сезоната во Примера се уште не е завршена, а раководството на Атлетико обезбеди исклучително важен трансфер за летниот преоден рок. Весникот „Марка“ прв ја објави информацијата, Бернардо Силва ќе биде новата трансфер-бомба на Атлетико откако мадридскиот клуб ги договори условите за ангажман на одличниот португалски плејмејкер.
Овој 31-годишен ас (ќе полни 32 години во август) станува слободен играч по истекот на договорот со Манчестер Сити, се чинеше дека Португалецот ќе се пресели во Јувентус, но трансферот се искомпликува откако Јуве остана само со теоретски шанси за влез во ЛШ. Поради ова „старата дама“ мораше да ја намали понудата до Силва, фудбалерот одби и почна да разговара со останатите заинтересирани клубови.
Според „Марка“, челниците на Атлетико дејствувале експресно, нудејќи му тригодишен договор со кој ги прифатиле речиси сите барања на Бернардо. Тој се согласил на понудените услови, а потврда на трансферот се очекува во текот на следната седмица, по завршувањето на сезоните во Ла Лига и во Премиер-лигата.
Тренерот Симеоне е воодушевен од трансферот, во Португалецот гледајќи идеален наследник на Антоан Гризман, кој последнава сезона настапуваше како плејмејкер, веднаш зад напаѓачите на Атлетико, позиција во која Силва блескаше и во Монако и во Манчестер Сити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
