Барселона комплетираше изненадувачки трансфер откако каталонскиот гигант успеа да го доведе на „Камп Ноу“ тинејџерот Џес Бисиву од редовите на Бриж.
Брзоногиот крилен офанзивец важеше за еден од најголемите таленти на Бриж, но се најде во немилост на управата откако одби да потпише нов договор со белгискиот клу. Поради тоа овој 18-годишник воопшто не настапи на завршницата од младинската ЛШ за својот тим, Бриж летово го стави на трансфер-листа, а Барса успеа да ги договори сите детали.
Каталонците ќе платат 8,5 милиони евра за Бисиву, а Бриж ќе има и право на 20% од следниот трансфер на овој фудбалер.
Бисиву ќе потпише петгодишен договор и се очекува да му се стави на располагање на тренерот Ханси Флик на тренинг-кампот во Англија закажан од 27 јули до 3 август.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
