Чаби бара ветерани во Челси: Екс-капитен на Ливерпул, екс-голгетер на Јунајтед…

Чаби Алонсо прави мини-ремонт во играчкиот кадар на Челси, а шпанскиот стратег е свесен дека покрај звучни засилувања потребни му се и искусни играчи кои ќе му бидат од корист за атмосфера во тимот и дисциплина во соблекувалната.

Токму затоа, шпанскиот стратег реши да тргне во офанзива по поранешниот капитен на Ливерпул, Џордан Хендерсон, кој е многу блиску до преселба на „Стемфорд бриџ“.

Хендерсон е под договор со Брентфорд, но овој премиерлигаш изразил подготвеност да го раскине договорот ако 36-годишниот ветеран реши да си замине. Јасно е дека искусниот играч за врска нема да има преголема минутажа ако се пресели во Челси, но можноста повторно да биде дел од тим со кој би атакувал на трофеи се чини атрактивна за поранешниот фудбалер на Сандерленд, Ајакс и Ливерпул.

Алонсо бара и искусен напаѓач кој би бил резерва на Жоао Педро, а на врвот на листата со желби за овој дел од тимот се наоѓа Дени Велбек од Брајтон.

Се вчитува...