Чиро Имобиле ја изненади фудбалската јавност откако вечерва објави дека ја завршува својата фантастична фудбалска кариера. Ветеранот имаше уште една година од договорот со францускиот прволигаш Париз што го потпиша лани, но Имобиле сепак одлучи на 36-годишна возраст да му каже збогум на фудбалот.
„Чиро Имобиле и ФЦ Париз ја известуваат јавноста за одлуката на италијанскиот напаѓач да ја заврши професионалната кариера. Фудбалерот изрази желба по 17 години професионално играње фудбал, поголем дел од времето да го мине со своето семејство“, објави францускиот прволигаш.
Имобиле одигра повеќе од 650 натпревари во својата кариера, постигнувајќи 350 погодоци, најголем успех му е европската круна со Италија на ЕВРО 2021, додека во дресот на Лацио во 2020 година ја освои европската „Златна копачка“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
