Изненадување на ЕП – Норвешка поразена од Германија

Германките го приредија второто големо изненадување на 13.Европско првенство за ракометарки што се одржува во Франција. На воведниот меч во групата Д во Брест, Германија славеше сензационална победа против неприкосновената Норвешка со 33-32.

Норвежанките се седумкратни европски шампионки и први фаворитки за титулата и на ЕП во Франција. Но, Норвежанките веќе на стартот неочекувано доживеаја непријатно изненадување. Германките го имаа почетното водство и како да најавија дека работите нема да одат во посакуваната насока за актуелните шамнпионки. Но, Норвешка брзо ја презеде иницијативата и првиот дел го заврши со гол предност (16-15).

Но, Германките тргнаа офанзивно во втората половина од натпреварот, со серија од 5-1 за водство со 25-23 и комплетен пресврт на мечот.

Гросман со пет гола беше најефикасна во репрезентацијата на Германија, а Офтендал со седум погодоци беше прв стрелец кај Норвешка.

Во вториот денешен натпревар, во групата Ц, Холандија ја победи Унгарија со 28-25.

Се вчитува...