Изненадување на клупата на Белгија: Италијанец со германски менталитет ќе ги води „црвените ѓаволи“

Екс менаџерот на Шалке, Лајпциг и Спартак Москва, Доменико Тедеско е назначен за нов селектор на Белгија. Тедеско доаѓа на местото на Роберто Мартинез кој по Мундијалот во Катар си поднесе оставка и потоа ја презеде клупата на Португалија.

Тедеско е човек кој има прилично мало тренерско искуство. Тој е тренер само пет години откако во 2017 година првпат го предводеше Ауе, за потоа да стане тренер на Шалке. Две години седеше на клупата на тимот од Гелзенкирхен, па замина во Русија во Спартак Москва, и во 2021/2022 ја водеше екипата на Лајпциг. Ова ќе му биде прво селекторско искуство.

Тедеско е роден во Италија, има 37 години но целата кариера ја минува во нисколигаши во Германија. Таму го учи тренерскиот занает, а од 2008 година работи со младите категории на Штутгарт. Во 2014 година замина во Хофенхајм каде исто така работеше во младинските категории, а на 8. март 2017 почнува со сениорска конкуренција, во тогашниот второлигаш Ауе, кој успеа да го спаси од испаѓање. Го предводеше Лајпциг до првиот трофеј во Купот откако го совлада Фрајбург на пенали.

Беше сменет од Лајпциг по поразот од Шахтјор на домашен терен од 4-1.

Се вчитува...