Тотенхем создава тим по мерка на новиот тренер Томас Френк кој во своите редови сака да го има младиот бразилски талент Савињо, пренесуваат англиските медиуми.
Официјални преговри се веќе започнати, а и самиот 22-годишен фудбалер преферира премин во редовите на лондонскиот тим каде ќе има поголема шанса да го покаже својот потенцијал.
Реализацијата на трансферот нема да биде лесна со оглед на тоа што и Пеп Гвардиола сака да го задржи фудбалерот кој минатата сезона постигна три гола и забележа 13 асистенции на 48 натпревари одиграни во сите конкуренции.
Неговиот договор со Манчестер Сити е со важност до 2029 година па единствена шанса на Тотенхем е да го примами раководството на „граѓаните“ со сума од над 50 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

