Изненадување за Дончиќ во соблекувалната, по вечерта на нови НБА рекорди… (ВИДЕО)

Лука Дончиќ зад себе остави уште една НБА вечер на рекорди. Со „трипл-дабл“ ефект од 30 поени, 17 скока и 10 асистенции го однесе Далас до победа над Њу Орлеанс, а притоа соборувајќи го рекордот на Мајкл Џордан со 22-от „трипл-дабл“ во кариерата.

По натпреварот во соблекувалната го дочека познато лице. Фудбалерот на Реал Мадрид, Еден Азар во моментов е во Далас каде треба да биде подложен на хируршка интервенција, па не пропушти можност да се сретне со Словенецот кој претходно во кариерата играше за Реал Мадрид. Секако, и размена на дресовите беше неизбежна…

 

Се вчитува...