Израел ќе одигра четири меча во девет дена

Европската фудбалска федерација одлучи за новите термини на одложените квалификациски натпревари за ЕП 2024 во групата И.

Натпреварите на Израел со селекциите на Косово и Швајцарија беа одложени за време на октомвриската репрезентативна пауза поради случувањата во  Газа. Според одлуката на УЕФА, тие натпревари ќе се играат во ноември, па се очекува репрезентацијата на Израел да одигра четири натпревари за само девет дена.

Натпреварите кои беа закажани за октомври така ќе се играат на 12. и 15. ноември, соопшти УЕФА. По натпреварите со Косово и Швајцарија, Израел го очекуваат дуелите со Романија на 18. и Андора три дена подоцна, како што беше претходно предвидено.

Со оглед на тоа што Израел првите два натпревари ќе ги игра надвор од официјалниот распоред на репрезентациите, одлучено е клубовите да треба да пуштат барем по еден играч од секоја репрезентација за која важи оваа одлука, најмалку два дена пред закажаниот натпревар.

Се вчитува...