Израел – наш најголем „скалп“ на гости во историјата! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ЕКИПА во Хаифа, Израел

Владимир Булатовиќ

Триумфот над Израел на стадионот „Сами Офер“ во Хаифа од 0-1 е нашиот најголем гостински „скалп“ во историјата на еден официјален квалификациски натпревар.

Македонија за првпат слави на гости против една репрезентација од првите 70 на официјалната ФИФА ранг листа… Израел, како што и се најавуваше уште пред мечот, сосема заслужено падна во Хаифа благодарение на голот на капитенот Горан Пандев кој погоди, пак, на квалификациски репрезентативен дуел за првпат по девет години… Сето тоа заокружено и со прва победа наша против Израелците, по претходните четири порази. Сето тоа за радост на македонската делегација во ложата на трибините на „Сами Офер“ каде беше и претседателот на Владата на РМ, Зоран Заев во друштво на првиот човек на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, и вицепремиерот Кочо Анѓушев…

[new_royalslider id=”755″]

Се вчитува...