Експерти на Обединетите нации побараа од ФИФА и УЕФА да го суспендираат Израел поради војната во Газа. Според нив, исклучувањето на националните селекции е оправдан одговор на сериозните прекршувања на човековите права, но индивидуалните спортисти не треба да бидат казнети.
УЕФА засега не го коментира случајот, а ФИФА нема официјален став. Дипломатската интервенција на САД привремено ја одложи можната суспензија на Израел.
Израелските клубови, како Макаби Тел Авив, ќе продолжат да настапуваат во европските натпревари, но до октомврискиот прозорец би требало да се знае дали репрезентацијата на оваа земја ќе спее да настапи во квалификациите за СП 2026 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

