Израелски фудбалер уапсен во Турција поради начин на прослава на гол на мечот против Трабзонспор (ВИДЕО)

Израелскиот фудбалер Сагив Јехезекел доби суспензија од својот клуб Анталијаспор, ќе добие и раскин на договорот, но и беше уапсен од турските власти поради начин на прослава на својот гол на мечот против Трабзонспор во турскиот шампионат.

По постигнатиот гол кој донесе реми за Анталијаспор, Јехезекел покажа на завој на кој пишуваше „100 дена – 7.10“ мислејќи на нападот на Хамас врз Израел на 7. октоври.

Но, било какво јавно демонстрирање на поддршка за Израел во Турција е забрането откако оваа земја ја поддржа Палестина.

Па, најпрво претстедателот на Анталијаспор, Синан Бозетепе потврди дека ќе му биде раскинат договорот на Израелецот кој веднаш и беше приведен па Обвинителството во Анкара отвори истрага затоа што гестот според нив ги поттикнувал луѓето на непријателство и омраза. По информативниот разговор израелскиот фудбалер потоа е пуштен.

Исто така се очекува остра казна за него и од Фудбалскиот сојуз на Турција.

„Неговиот договор ќе бидат раскинат, не прифаќаме такво однесување на поединци, па дури и тоа скапо да не чини на теренот“ – изјави Бозетепе.

Се вчитува...