Израелските фудбалски тимови домашни натпревари ќе играат во Србија

Израелските фудбалски тимови Макаби Хаифа и Макаби Тел Авив домашните натпревари во интернационалните натпреварувања ќе ги играат во Србија, без присуство на публика, потврди УЕФА.

Клубот од Хаифа својот натпревар од петтото коло во групната фаза во Лига Европа против Рен ќе го одигра на 30. ноември на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград, додека составот од Тел Авив во шестото коло од групната фаза во Конференциската лига ќе се сретне со Зорја на 14. декември на стадионот „ТСЦ“ во Вачка Топола.

Како потсетување, израелскиот евролигаш Макаби Тел Авив веќе одигра еден натпревар од најсилното европско кошаркарско натпреварување во главниот град на нашиот северн сосед.

Се вчитува...